За нас

ДО УСПЕХ ПРЕКУ ЗНАЕЊЕ, ИСКУСТВО И ТИМСКА РАБОТА

МАР-МАГ Плус постои една деценија и нуди софистицирани и сеопфатни решенија во областите кои ги опфаќа. Ние сме горди на нашата висока стапка на успех, речиси сите проекти се успешно завршени.

Екосистемот на МАР-МАГ Плус ги обединува најдобрите алатки, технологии и даватели на услуги кои ја надополнуваат нашата консултантска експертиза, за да можеме да ви помогнеме да постигнете раст и ефикасност. Ние тесно соработуваме со повеќе водечки интернационални компании за да ви овозможиме полесна реализација на вашите проекти или заеднички настап на домашниот пазар користејќи го знаењето, искуството и експертизата на интернационалните експерти.

Бидејќи одржливоста станува императив, ние им помагаме на нашите клиенти да го прилагодат начинот на кој работат, инвестираат и планираат однапред.

Само најхрабрите, најдисциплинираните и иновативните компании ќе просперираат. Ќе се погрижиме да сте меѓу нив.

Сертификат за кредитна извонредност: A+ за 2025 година

Според извршената бонитетна анализа, компанијата не покажува знаци на ризично работење и претставува пример за стабилност, сигурност и деловен успех.

Што работиме?

Што разбирате под раст? Зголемување на обемот на продажба? Влегување во нови деловни области? Носење нови производи и услуги на пазарот? Влегување на нови пазари? Сѐ ова може да се смета за раст, но растот го гледаме како вреден кога тој се реализира во согласност со стратегијата, е одржлив и профитабилен.

Откријте ја моќта на ефективните проектни контроли и решенија за управување со проекти.Нашиот тим е составен од градежни инженери, архитекти, финансиски аналитичари и експерти за проценка и подготовка на понуди.

Со користење на нашата комбинирана експертиза и техничката моќ, на нашите коминтенти им нудиме брзо и сигурно планирање. Го користиме „Методот на критична патека“ кој помага во управувањето со промените и одржување на вашиот проект во рамки на предвиденото време и планираниот буџет.

Нашето тајно оружје - Метод на критична патека (CPM)

Со разложување на секој аспект од вашиот проект на неговите најкритични компоненти, можеме да создадеме патоказ кој ве држи на вистинскиот пат и во согласност со буџетот. Нашите вешти консултанти за управување со проекти ќе работат неуморно за да се погрижат вашиот проект да го следи распоредот. се достапни за компании од сите видови индустрии, од трговија, градежништво, управување со отпад, заштита на животна средина до агро-бизнис и рурален развој.

Консултантски услуги

Проектен менаџмент

Трговија

Нашите партнери

Како работиме?

За ефикасно спроведување и следење на проектите во секоја нивна фаза, МАР-МАГ ПЛУС посветено работи за да ги задоволи уникатните потреби на сите клиенти. Нашите работни процеси се флексибилни, а чекорите преку кои го градиме партнерството најчесто се:

  • Контактирајте нé и испратете ги документите кои го дефинираат проектот и обемот на работа (цртежи, спецификации ако станува збор за градежен проект или било која друга релевантна документација, ако станува збор за друга област).
  • Во најкус рок по добивањето на плановите, ќе ви испратиме прашалник за проектот, проследен со нашата понуда, очекуваниот датум на завршување и договор за професионални услуги.
  • Откако ќе го добиеме потпишаниот договор за професионални услуги, веднаш започнуваме со работа. Драфт - нацрт ќе ви биде испратен на преглед, проследен со телефонски повик за утврдување на сите неопходни прилагодувања кои треба да се вградат во финалниот производ.

Консултантски услуги

Градежен сектор

  • Застапување во РСМ
  • Тендерска документација
  • Регистрации
  • Лиценци

Енергетски сектор

  • Анализи
  • Лиценци и дозволи

Финансии

  • Деловен план
  • Апликации за грантови
    (ФИТР, ИПАРД и ИПА)
  • Анализи
  • Буџетирање
  • Бизнис планирање

Дигитализација

  • Анализирање на бизнис процеси
  • Изработка на работен ток
  • Процедури
  • Дигитални процеси
  • Примена на вештачка интелигенција

Проектен менаџмент

Менаџирање во градежништво

  • Метод на критична патека (CPM)
  • Анализа на потреби
  • Планирање и обезбедување на човечки ресурси
  • Планирање и обезбедување материјали
  • Подготовка на временски план: активности/ресурси/материјали
  • Управување со градење согласно план и проектна документација
  • Контрола при изведба на проекти од висока и нискоградба
  • Совети за примена на FIDIC правила
  • Анализа на градежна документација и подготовка на клејмови согласно FIDIC правилата

Менаџирање при имплементација на проекти

  • Координирање со изведба на проекти согласно преземени обврски по меѓународни договори

Трговија

Girl in a jacket

Внатрешна и меѓународна

  • Помош во пронаоѓање на добавувачи во земјата и странство
  • Посредување
  • Логистика

Експерти

Градежништво и енергетика

Градежни инженери

Архитекти со лиценци

Машински инженери

Електро инженери

Финансии

Експерти за финансиски алализи и подготовка на буџет

Проценител

Експерти за деловно планирење

Експерти за аграрна економија

Дигитализација

ИТ експерти

Експерт за Менаџмент

Експерт за безбедност и сигурност

Проектен менаџмент

Проектен менаџер со експертиза

НАШИТЕ ВРЕДНОСТИ

МАР-МАГ ПЛУС – најдобриот избор за Вас

  • 01 ВО ШТО ВЕРУВАМЕ?

    Веруваме дека храбрите и одлучни чекори ја дефинираат иднината. Ние тоа го правиме заедно со нашите клиенти.

  • Да им помогнеме на нашите клиенти да создадат високи нивоа на вредност и заедно да ја качиме летвичката со стандарди до ниво близу перфекција

    • Да им помогнеме на клиентите да ги откријат сите можности на локалниот пазар и да ги надминат административните пречки за добивање дозволи, лиценци, пополнување и доставување апликации.
    • Точна анализа на потреби од човечки ресурси како и правилен распоред со динамичко планирање на активности.
    • Точна анализа на потреби од технологии и машини како и помош во пронаоѓање, набавка, транспорт и увоз на истите.
    • Уникатен пристап во стратегија со промени, подготовка на стратегија, напредна аналитика, маркетинг, проектен менаџмент, организација на работни процеси, дигитална трансформација, финансирање и буџетирање и други активности.
    • Најважен ни е принципот клиентите да добијат резултати, не само извештаи. Го приспособуваме внимателно нашиот пристап соодветно кон секој клиент за да обезбедиме мерливи резултати и долгорочна вредност.

Приоритети

1. Зелена агенда

Плазма технологија

Посветени сме на проекти кои придонесуваат за заштита на животната средина, намалување на загадувањето и развој на циркуларната економија. МАР-МАГ ПЛУС е ексклузивен претставник на Балканот за плазма технологија, преку договор со Delta and PL Engineering and Technology Ltd.

Оваа технологија овозможува еколошко третирање на различни видови отпад (вклучително и опасен), без чад, пепел и штетни емисии. Процесот со нула загадување го трансформира отпадот во корисни материјали и енергија, придонесувајќи кон одржлив енергетски систем и намалување на депонискиот отпад.

Со оглед на растечкиот обем на отпад (од стари извори, но и нови, од соларни панели и електронски отпад) од една страна, и енергетските предизвици од друга, ова решение истовремено покрива и управување со отпад и производство на одржлива енергија, усогласено со ЕУ зелени цели и поддржано преку меѓународни фондови и ЈПП модели.

Еколошка и институционална поддршка

МАР-МАГ ПЛУС е подизведувач на 3-годишниот проект „Further Support to North Macedonia for Compliance with Chapter 27“, поддржан од ЕУ, чија цел е усогласување со европските стандарди во областа на животната средина.

Проектот опфаќа:

  • управување со отпад и природни ресурси
  • квалитет на воздух и вода
  • климатски промени и циркуларна економија
  • заштита на биодиверзитет

и обезбедува поддршка за:

  • подготовка на законска регулатива и стратегии
  • јакнење на институции
  • имплементација на ЕУ политики
  • подготовки за ЕУ преговори (Поглавје 27)

2. ИПА проекти

МАР-МАГ ПЛУС активно учествува во проекти финансирани преку ИПА инструментот на Европската Унија, со цел поддршка на усогласување со ЕУ стандарди, институционален развој и економски напредок.

Како дел од конзорциум, учествувавме во проектот „Воспоставување на интегриран и самоодржлив регионален систем за управување со отпад во источниот и североисточниот регион“, финансиран од ИПА фондовите и националниот буџет.

3. ИПАРД и рурален развој

МАР-МАГ ПЛУС има долгогодишно искуство во подготовка и поддршка на ИПАРД апликации, со цел користење на европските фондови за модернизација и развој на земјоделството.

Имаме успешно реализирани проекти во сите мерки, особено Мерка 7, со фокус на:

  • изградба и модернизација на земјоделски и сточарски објекти
  • набавка на механизација и опрема
  • развој на мали рурални бизниси
  • сместувачки и угостителски капацитети

4. Поддршка за земјоделци

Обезбедуваме континуирана поддршка за земјоделците преку:

  • редовно информирање за јавни повици и фондови
  • помош при аплицирање и документација
  • поврзување со поволни кредитни линии
  • посредување при осигурување
  • информирање за законски измени и административни процедури

Барање за понуда

Назив на субјектот
Е-пошта
Телефонски број
ЕДБ
Дејност
Остварен приход
Број на вработени
Број на излезни фактури
Број на влезни фактури
Број на изводи од банка
Подружници
Работа во странство
Лице за контакт
Услуги
Loading
Your message has been sent. Thank you!